Напад на бомбаш самоубиец во Индонезија

Во напад на бомбаш самоубиец за време на петочната молитва во една џамија во Индонезија биле повредни 17 луѓе. Џамијата била во состав на полициската станица во провинцијата Сиребон. Во изминативе десет години во Индонезија која е најголема муслиманска земја во светот често пати се случуваат вакви напади, вклучувајќи го и оној во 2002 година кога на Бали загинаа над двесте луѓе, главно странски државјани.