Меѓународната ОБСЕ изрази загриженост за заплашувањето на критички настроените медиуми во Белорусија. „Овој загрижувачки тренд се интензивираше по изборите на 19 декември во 2010 година и стига кон критична точка“ изјави претставничката за медиуми на европската организациј Дуња Мијатович. Во допис до белоруските власти Мијатович наведува случаи на новинари и медиуми кои биле субјект на притисок, изразувајки загриженост за, како што се наведува во писмото „криминалните истраги против новинарите Ирина Калип и Наталиа Радина“.
ОБСЕ изрази загриженост за медиумите во Белорусија
ОБСЕ ги затвори канцелариите во Белорусија, по истекување на мандатот на организацијата за кој не беше одобрено продолжување