Ѓоковиќ победи во Мајами

Српски тенисер, Новак Ѓоковиќ го освои и четвртиот турнир годинава без ниту еден пораз . Ѓоковиќ со 2:1 (4:6, 6:3, 7:6 (7:4)) го совлада првиот носител на турнирот во Мајами, Рафаел Надал и со 24тата победа во низа ја продолжи победничката серија. Ѓоковиќ е на место број два во светот по, Надал со освоени 26 последователни натпревари. Неговиот рекорд од 24-0 е најдобриот почеток сезонава.