Либиски претставник во ОН - дипломат од Никарагва

Мигуел Д’Еското Брокман

Либија го наименува поранешниот Mинистер за надворешни работи на Никарагва Мигуел Д’Еското Брокман за свој претставник во Обединетите нации. Според претседателот на Никарагва, Даниел Ортега, Либија се решила на ваков чекор бидејќи смета оти либиски претставник нема да добие американска виза за да може да допатува во Њујорк, во седиштето на Обединетите нации. Инаку, досегашниот либиски претставник во Обединетите нации ги осуди постапките на лидерот Моамер Гадафи против демонстрантите во земјата.