Иранската Исламска револуционерна гарда (ИРГК) ја потврди смртта на командантот Алиреза Тангсири во израелски воздушен напад минатата недела.
Веб-страницата на ИРГК „Сепах њуз“ на 30 март, пет дена откако Израел соопшти за неговата смрт, објави дека адмиралот Алиреза Тангсири „подлегнал на сериозни повреди“ здобиени во нападот.
Израел соопшти дека командантот бил убиен во напад во Бандар Абас, важен јужен пристанишен град на Ормускиот теснец.
Во соопштението на ИРГК се наведува дека Тангсири бил цел „додека ги организирал и зајакнувал силите и го зајакнувал одбранбениот штит на островот и брегот“ и дека починал „поради сериозноста на повредите“.
Видете и ова: Трамп ја сака иранската нафта, но тврди дека мировните преговори напредуваат „исклучително добро“Во соопштението, ИРГК не даде дополнителни детали за неговата смрт или за можниот наследник.
Во јуни 2019 година, Министерството за финансии на САД го означи Тангсири како „специјално означен глобален терорист“.
Морнарицата на ИРГК работи паралелно со редовните ирански поморски сили и е специјализирана за „герилско“ војување, честопати користејќи брзи борбени чамци во Персискиот Залив и Ормускиот Теснец.