Бунтовниците Хути испалија втора серија од ракети во рок од 24 часа против Израел, додека јеменската група, сојузничка на Иран, го продлабочи своето учество во војната на Блискиот Исток.
Израелската војска потврди дека дојдовна ракета била испукана од Јемен, но рекла дека била пресретната пред да стигне до територијата во близина на јужниот град Еилат.
Техеран соопшти дека на бродовите од „пријателските“ земји ќе им биде дозволено да поминат низ Ормутскиот теснец.
Во меѓувреме, Израел ги интензивираше своите напади врз Иран, насочувајќи се кон поморски истражувачки центар и напаѓајќи локации во Техеран доцна на 28 март, додека конфликтот продолжува да се шири.
Повеќе од 3.500 американски војници пристигнаа на Блискиот Исток, додека Вашингтон продолжуваше со трупањето сили за можна копнена инвазија. Новите војници вклучуваа 2.500 маринци, соопшти американската Централна команда.
Видете и ова: Ехо од иранската војна на Западен БалканАмериканскиот медиум Вашингтон пост, повикувајќи се на неименувани американски претставници, објави дека Пентагон подготвува планови за недели копнени операции во Иран. Белата куќа не го негираше извештајот, но го минимизираше значењето, сугерирајќи дека таквите подготовки би биле рутинско планирање за непредвидени ситуации.
Хутите, кои со години се вооружени, снабдувани и финансирани од Иран, избегнуваа да се приклучат на борбата, но лансирањето на ракетата предизвика стравувања од можно нарушување на теснецот Баб ал-Мандаб кај Јемен, низ кој минува околу 10 проценти од светската поморска нафта, до и од Суецкиот канал.
Вклученоста на Хутите кои се прогласени за терористичка организација од САД, претствува ризик за проширување на војната што ја започнаа САД и Израел, бидејќи Иран ги напаѓа арапските држави од Персискиот Залив, па дури и подалечни места, како што се Кипар, Диего Гарсија во Индискиот Океан, каде што Велика Британија има воени средства.