Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, вети континуирана поддршка од алијансата за Украина на четвртата годишнина од целосната инвазија на Русија на 24 февруари 2022 година.
„НАТО беше со Украина од самиот почеток. Ние сме со вас денес и ќе бидеме со вас во текот на предизвиците што претстојат. Императив е Украина да продолжи да ја добива воената, финансиската и хуманитарната помош што ѝ е потребна“, рече Руте во седиштето на алијансата во Брисел.
Руте додаде дека воената помош е „неопходна“.
Видете и ова: Украина влегува во петтата година од војната со Русија, борбите и преговорите продолжуваат„Бидејќи ветувањето за помош не ја завршува војната. На Украина ѝ е потребна муниција денес, и секој ден, сè додека не престане крвопролевањето.“
Шефот на НАТО, исто така, ги повика сојузниците да се обврзат да обезбедат мир во Украина откако ќе престанат борбите.
„Кога борбите конечно ќе престанат, мирот мора да се одржи“, рече тој. „Со силни украински сили подготвени да одвратат и да се бранат, и ефикасни безбедносни гаранции од партнерите на Украина: Европа, Канада и САД.“
Видете и ова: Зеленски: Путин не успеа да ги постигне целите во УкраинаРуте истакна дека украинскиот народ заслужува праведен и траен мир.
„Нивната безбедност е наша безбедност. Не може да има вистински мир во Европа без вистински мир во Украина“, рече првиот човек на НАТО.