Во неколку училишта во Скопје и во Тетово денеска, 23 февруари имало дојави за поставени експлозивни направи, но по преземените мерки од страна на полицијата, било утврдено дека се работи за лажни дојави.
„Веднаш по добиените пријави преземени се соодветни мерки и активности од страна на полициски службеници и утврдено е дека станува збор за лажни пријави“, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Ова не е прв пат да има лажни дојави во училиштата во земјава. Во истиот период лани полицијата евидентираше над 240 дојави за поставени бомби во училиштата низ земјава и за сите беше утврдено дека се лажни.
Видете и ова: Андоновски: Хибридни напади ќе има, важен е одговорот од институциитеМинистерството за образование тогаш формираше и меѓуресорска група за поефикасно справување со ситуацијата, а министерката Весна Јаневска ги повика раководствата на училиштата дојавите да ги пријавуваат во МВР и да ги следат протоколите на полицијата. Таа апелираше до наставниците и директорите на училиштата за комуникација да ги користат исклучиво службените електронски адреси креирани од МОН.