Втората рунда индиректни разговори меѓу Иран и Соединетите Американски Држави (САД) за нуклеарната програма на Техеран заврши во Женева, Швајцарија, на 17 февруари без договор.
Министерот за надворешни работи на Иран, Абас Аракчи, им изјави на државните медиуми дека двете страни „постигнале разбирање“ за клучните прашања, но предупреди дека тоа „не значи дека наскоро ќе постигнеме договор“.
Тој додаде дека Техеран и Вашингтон ќе почнат да работат на потенцијални документи за договор.
Радио Слободна Европа (РСЕ) побара коментар од Белата куќа.
Обраќајќи се на специјалната сесија на Конференцијата за разоружување во Обединетите нации по разговорите со САД, Аракчи рече дека Техеран „се надева дека преговорите ќе доведат до одржливо и договорено решение кое може да им служи на интересите“ на сите вклучени страни.
Сепак, тој додаде дека Иран е „целосно подготвен да се одбрани“ од американските напади.
Видете и ова: Рубио: Трамп претпочита дипломатија со ИранСо посредство на Оман, преговорите имаат за цел да го решат долгогодишниот спор околу нуклеарната програма на Иран, додека САД продолжуваат да акумулираат сили во Арапското Море.
Американскиот претседател Доналд Трамп предупреди дека неуспехот да се постигне договор може да доведе до воен напади.
Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, ги отфрли заканите на САД за воена акција, додека иранските и американските преговарачи почнуваа индиректни разговори за нуклеарната програма на Техеран во Женева.
Обраќајќи се пред толпа поддржувачи во Техеран, Хамнеи на 17 февруари посочи дека Иран има капацитет да потопи американски воени бродови што се собираат пред неговиот праг.
„Она што е поопасно од воен брод е оружјето што може да го испрати на дното на морето“, рече тој, осврнувајќи се на иранските ракети.
Неговите коментари доаѓаат еден ден откако Трамп наговести за можноста за воена акција ако дипломатијата не успее.
„Не мислам дека ги сакаат последиците од непостигнувањето договор“, им рече Трамп на новинарите во авионот „Ер Форс Уан“ на 16 февруари.
„Можевме да имаме договор наместо да ги испраќаме Б-2 за да го уништиме нивниот нуклеарен потенцијал. И мораше да ги испратиме Б-2“, додаде тој, осврнувајќи се на бомбардирањето на иранските нуклеарни постројки во јуни 2025 година.
Видете и ова: Каде е ураниумот на Иран-мистерија и потрага по американското бомбардирањеНа 13 февруари, американскиот претседател рече дека промената на режимот во Иран би била „најдоброто нешто што може да се случи“.
Директно обраќајќи му се на Трамп, Хамнеи рече дека претседателот „нема да може“ да ја собори Исламската република
Со зголемувањето на военото присуство на САД на прагот на Иран, Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) на 16 февруари започна поморски вежби во Ормутскиот теснец.
Иранските медиуми објавија дека целта била да се тестира оперативната подготвеност на морнарицата на ИРГЦ против „можни безбедносни и воени закани“.
Видете и ова: САД и Иран во нова рудна преговориТрамп рече дека ќе биде „индиректно“ вклучен во преговорите во Женева. Ова го означува вториот круг преговори оваа година меѓу Техеран и Вашингтон, по разговорите претходно овој месец во Мускат.
Иран изјави дека е подготвен да се подложи на строг режим на инспекција на своите нуклеарни објекти во замена за укинување на санкциите на САД. Исто така, се обиде да ја претстави својата економија погодена од санкции како профитабилна инвестициска можност за американските фирми.
Сепак, Техеран ја отфрли можноста за преговори за прашања како што се неговата ракетна програма и поддршката за посредници во регионот - црвени линии за кои администрацијата на Трамп инсистира дека мора да се решат.
Разговорите се одржуваат во конзулатот на Оман, а медијаторите разменуваат пораки меѓу иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи, и специјалниот претставник на САД, Стив Виткоф.