Илјадници граѓани (меѓу нив голем број ученици и студенти) се собраа во центарот на Сараево, два дена по сериозната трамвајска несреќа во која загина 23-годишен маж.
По собирот, демонстрантите излегоа на главниот пат, целосно го блокираа и се упатија кон зградата на Владата на Кантонот Сараево, барајќи одговорност од властите и итни мерки за зголемување на безбедноста на јавниот превоз.
Протестот започна со спонтан собир во центарот на градот, но набрзо прерасна во масовна блокада на главниот пат во градот.
Видете и ова: Еден загинат, четворица повредени откако трамвај излетал од шините во СараевоДемонстрантите бараат конкретни реформи во јавниот превоз и одговорност од сите институции одговорни за безбедноста на трамвајскиот систем.
Несреќата се случи на 12 февруари, кога трамвај излета од шините при свртување лево, а потоа удри во патничко возило, метален столб и заштитна ограда на станицата, при што загина 23-годишен маж, а четири други лица беа повредени, вклучувајќи и малолетник со тешки повреди.
Возачот на трамвајот беше уапсен под сомнение за сторено кривично дело против безбедноста на јавниот превоз и беше предаден на Обвинителството на кантонот Сараево, каде што ќе биде задржан 24 часа додека не се донесе одлука за понатамошни мерки.
Владата на кантонот Сараево го прогласи 14 февруари за Ден на жалост. Обвинителството на кантонот Сараево започна истрага.
Понатамошни детали не беа соопштени во интерес на истрагата, а причината за несреќата ќе се утврди откако експертите ќе ги достават своите наоди.