Вишиот суд во Белград одреди притвор за три лица по заплената на пет тони марихуана во регионот на селото Коњух кај Крушевац, во централна Србија, пренесуваат српските медиуми. Во извештаите се вели дека според истрагата, марихуаната била набавена во јануари оваа година на територијата на Северна Македонија, а истата ја транспортирала организирана криминална група што дејствувала на меѓународно ниво.
Српската полиција ја оцени заплената како најголема во историјата на земјата, а вредноста на наркотикот се проценува на седум до десет милиони евра.
Обвинителството предложи издавање налог за апсење, вклучително и меѓународен, за осомничениот Александар Мијајловиќ, кој е означен како организатор на организирана криминална група и е во бегство.
Судот во Србија одредил притвор за лицата Н.С., Р.С. и И.Д., кои како што е наведено се осомничени за неовластено производство и дистрибуција на наркотични дроги, поради опасност од бегство, влијание врз сведоци, повторување на кривичното дело и нарушување на јавниот ред и мир.
Видете и ова: МВР заплени легална марихуана наменета за црн пазарПретседателот на опозициското Народно движење на Србија, Мирослав Алексиќ, објави на социјалната мрежа X тврдење дека еден од уапсените за време на заплената на дрога бил советник на владејачката Српска напредна партија во Крушевац.
Алексиќ изјави дека уапсеното лице е „пријател и близок соработник“ на семејството на министерот за одбрана Братислав Гашиќ.
Министерот за одбрана Братислав Гашиќ не ги коментираше директно обвинувањата на опозицијата, ниту го спомена името на уапсеното лице.
Во соопштението објавено од весникот Курир, тој им честиташе на членовите на полицијата и другите безбедносни служби за операцијата, наведувајќи дека таа покажува дека „нема заштитени луѓе во Србија“.
Потпретседателката на Градскиот комитет на СНС Крушевац, Невена Ѓуриќ Никитовиќ, исто така издаде соопштение во кое наведува дека „државата е јасна и безмилосна во борбата против криминалот и корупцијата“.
Видете и ова: Приведени дилери во близина на фирма за медицински канабисСрпскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека државата нема никаква врска со аферата што беше отворена со запленувањето на пет тони марихуана на имотот на локален функционер на владејачката Српска напредна партија (СНС).
Тој додаде дека полицијата „уапсила луѓе“ и дека неговите политички противници „сè превртуваат наопаку“ и тврдат дека зад тоа стои државата.
„Луѓето од Управата за криминалистичка полиција пронајдоа пет тони некаква дрога. А сега дали само синот знаел за тоа или и синот и таткото, тоа е друго прашање, нека утврдат надлежните органи, нема да претпоставам ништо. Ние ја спроведовме таа операција“, изјави Вучиќ за ТВ Пинк.
Јавното обвинителство за организиран криминал претходно објави дека во истрагата се опфатени А.М., Н.С., Р.С., И.Д. и У.М. Според српските медиуми, осомничените го искористиле своето законско право да молчат за време на сослушувањето.
Во извештаите се вели дека осомничениот А.М., кој бил организатор на групата, се наоѓа во бегство, по што судијата издаде потерница, вклучително и меѓународна.
Организираната криминална група дејствувала на меѓународно ниво, а во јануари оваа година набавила повеќе од пет тони марихуана на територијата на Северна Македонија. Според истрагата, И.Д. ја транспортирал дрогата до магацините на семејствата Н.С. и Р.С., од каде што У.М. ја продавал понатаму.
Во извештаите се вели дека И.Д. е косопственик на компанијата „Алфафарм“ во Скопскиот Регион, која е регистрирана за производство и преработка на медицински канабис.
Српската полиција соопшти дека заплената била извршена на 29 јануари во реонот на селото Коњух кај Крушевац. Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, ја оцени како најголема заплена на дрога во земјата, со проценета вредност од седум до десет милиони евра.