Русија нападна уште два цивилни брода во Црното Море, кои превезувале прехранбени производи, соопшти на 12 јануари украинското министерство за регионален развој.
„Нападите предизвикаа пожар на еден од бродовите и ранија член на екипажот“, е наведено во сооппштението.
Русија ги таргетираше бродовите што се упатуваа кон Украина во текот на речиси четиригодишната инвазија, дел од она што Киев го нарече кампања на „терор“ насочена кон попречување на нејзиниот поморски извоз.
Москва, која негира дека таргетирала цивили, предупреди дека секој брод што плови кон украинските пристаништа може да се третира како да носи воен товар.
Видете и ова: Без струја се 35.000 домаќинства околу Одеса по напад со руски дронови„Непријателски дрон погоди танкер со панамско знаме што чекаше да влезе во пристаништето за да натовари растително масло. За жал, еден член на екипажот беше ранет“, напиша украинскиот министер за регионален развој Олексиј Кулеба на социјалната платформа Телеграм.
„Исто така, имаше напад врз брод што пловеше под знамето на Сан Марино, кој го напушташе пристаништето со товар пченка... Ова е уште еден доказ дека Русија намерно напаѓа цивилни бродови, меѓународна трговија и поморска безбедност“, додаде тој.