Обилни дождови во Северна Македонија: Поплави, одрони, свлечишта и евакуации
Во Битолскиот и Преспанскиот регион, врнежите предизвикале зголемување на водостојот и излевање на повеќе водотеци, при што се поплавени голем број куќи и дворни места. За утврдување на приоритетите и координација на активностите, Кризниот штаб на Општина Битола закажал состанок во 9 часот.
Во Кичево, околу 100 лица се евакуирани поради поплави на улицата „Прилепска“, каде се поплавени повеќе станбени објекти, а евакуираните се сместени во спортската сала „Христо Узунов“ со обезбедена храна, вода и основни потреби.
Поплавени дворови во Кичево
Одрон во Тетово
Во тетовскиот и гостиварскиот регион, локалниот пат меѓу селата Форино и Тумчевиште е тешко прооден, забележано е излевање на Лакавичка река во селото Мало Турчане и на Сушечка река во Горна Бањица. Надлежните институции и службите за итно дејствување ја следат состојбата на терен.
Одрони имаше на патните правци Гостивар – Стража и Тетово – Бањиче, поради што сообраќајот се одвиваше отежнато. На фотографијата е свлечиште и одрон кај селото Бањиче, тетовско.
Во Битола беше ангажирана тешка механизација за справување со поплавата од обилните дождови
Предупредување за внимателно возење или за забрана за сообраѓај на дел од локалните патишта во битолско
Во Кичево се регистрирани излевања на Зајашка река