Илјадници студенти и граѓани од цела Србија излегоа на протест на 21 декември во Нови Пазар, на југозападниот дел од земјата, за да дадат поддршка на академиците кои го блокираат универзитетот во овој град речиси една година.
Под слоганот „Или ние или тие“, студентите на Државниот универзитет во Нови Пазар (ДУНП) бараат смена на сегашното раководство на оваа високообразовна институција и воведување на принудна управа.
Дел од академците ја обвинија универзитетската администрација дека практично ги спречува да запишат нова година во своите студии и оценија дека ова е одмазда поради блокадите што ги одржуваат повеќе од една година, барајќи одговорност од власта предводена од Српската напредна партија (СНС) за смртта на 16 лица при уривањето на настрешницата на главната железничка станица во Нови Сад на 1 ноември 2024 година.
Некои професори на ДУНП тврдат дека ги изгубиле своите работни места поради нивната поддршка за студентите и критиките кон администрацијата.
„Тука сме поради однесувањето на администрацијата на Универзитетот во Нови Пазар кон студентите и професорите, тие ги трпат последиците затоа што го кренаа гласот за правда и вистина. Го сметам овој град за мој дом, луѓето се гостопримливи, а цела Србија е во Нови Пазар. Нови Пазар денес е еден свет“, рече Сава Николиќ, студент од Ќурија, за Радио Слободна Европа (РСЕ).
Видете и ова: Србија мора да ги надмине поделбите, вели делегацијата на ЕУ во БелградНа почетокот на протестот, собраните демонстранти со 17-минутен молк им оддадоа почит на загинатите во Нови Сад и на студентот Ернад Бакан од Нови Пазар, кој загина во Белград во март 2019 година кога беше удрен од автомобил на пешачки премин.
По собирот пред зградата на Државниот универзитет во Нови Пазар, тие одржа протестен марш низ улиците на градот. На собирот учествуваа и велосипедисти од неколку градови, од кои најдолгата рута, од 400 километри, ја помина група од Нови Сад.
Од 1 ноември 2024 година, во Србија почнаа масовни протести предводени од студентите, со кои се бара кривична одговорност од Владата на СНС за смртта на 16 лица на железничката станица во Нови Сад. Владата на СНС негира одговорност и ги отфрла критиките за корупција.
Во изјава за Радио Слободна Европа, ректоратот на Универзитетот ги отфрли обвинувањата дека на студентите им е одбиен упис и дека наставниот кадар е отпуштен поради политички несогласувања.
Жителите на Нови Пазар станаа еден од симболите на студентските протести во Србија кога марширајќи низ земјата ја ширеа пораката за единството во овој град кој е со мнозинско бошњачко население.
Видете и ова: Вучиќ: Парламентарните избори во Србија ќе бидат пред предвидениот рокУниверзитетот во Нови Пазар е единствениот во Србија кој е сè уште физички блокиран. Студентите од другите факултети ги кренаа блокадите на почетокот на есента.
Повеќе од една година, студентите во блокадата, од сите државни универзитети во земјата, бараат одговорност од власта за смртта на 16 лица при уривањето на настрешницата на железничката станица во Нови Сад.
Иако властите ги отфрлија нивните барања, кои вклучуваат распишување предвремени избори и негираа одговорност за несреќата во Нови Сад, академиците рекоа дека својата борба за исполнување на барањата ја продолжуваат на други начини.