Дрон со непознато потекло е пронајден во Турција, помалку од еден ден откако друго беспилотно летало за кое има сомнежи дека е од руско потекло се урна во северозападниот дел на државата, јави агенцијата АФП, повикувајќи се на турски медиуми.
Според неколку независни телевизиски мрежи и весникот „Џумхуриет“, дронот е пронајден на празно поле во близина на градот Баликешир, околу три часа југозападно од Истанбул.
Сè уште нема реакција од турските власти, но телевизиските куќи „Халк ТВ“ и „Хабертурк“ објавија дека дронот е транспортиран во Анкара за анализа.
Инцидентот, трет од ваков вид од понеделникот, доаѓа откако Турција ги предупреди и Русија и Украина да не дозволат нивната тековна војна да се прелее на други места во регионот.
Видете и ова: Германија распоредува борбени авиони во Полска поради руските дроновиВластите го вперија прстот кон Русија за беспилотното летало откриено на 19 декември во близина на градот Измит, околу 30 километри јужно од Црното Море, каде во последните недели беа извршени напади врз бродови.
Според турското Министерство за внатрешни работи, кое отвори истрага, „се верува дека дронот е од типот Орлан-10 произведен во Русија, кој се користи за извидување и за надзор, според првичните наоди“.
Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, предупреди дека Црното Море може да стане „зона на конфронтација“ меѓу Русија и Украина, кои ги зафаќаат спротивните брегови на водената површина од Турција.
Од оваа есен, руски дронови нашправија упад во воздушниот простор и на повеќе еверопски држави, меѓу кои Полска, Романија, Естонија, кои се членки на НАТО и на Европската унија.
Пради тоа, на 12 септември објави обид за зајакнување на одбраната во своето таканаречено источно крило, започнувајќи „активност“, наречена Источна стража, која би распоредила дополнителна воена опрема од Велика Британија, Данска, Франција и Германија за да се одврати потенцијална руска агресија.