Обвинителството за организиран криминал поднесе обвинение против министерот за култура во Владата на Србија, Никола Селаковиќ, во врска со незаконитости при отстранувањето на статусот на културно добро од зградите на „Генералштабот“ во центарот на Белград.
На 15 декември, Обвинителството објави дека поднело обвинение против секретарката на Министерството за култура, Славица Јелача, в.д. директорката на Републичкиот завод за заштита на спомениците на културата, Горан Васиќ и в.д. директорот на Заводот за заштита на спомениците на културата на градот Белград, Александар Ивановиќ.
Сите се осомничени за кривични дела злоупотреба на службена положба и фалсификување на службени документи.
Обвинителството, исто така, изјави дека „продолжува да презема дејствија со цел да утврди дали дејствијата на некои други лица имаат карактеристики на кривично дело“.
Обвинителството за организиран криминал спроведува истрага од мај поради сомневања за фалсификување документи врз основа на кои Владата на Србија го одзеде статусот на културно добро на зградата на Генералштабот во Белград.
Видете и ова: Вучиќ „воодушевен“ од планот на зетот на Доналд Трамп во БелградДиректорот на Републичкиот завод за заштита на културните споменици, Горан Васиќ, според претходните обвинувања од Обвинителството, признал дека фалсификувал документи.
Врз основа на таа документација, до Министерството за култура, на чело со Никола Селаковиќ од редовите на Српската напредна партија (СНС), е поднесена иницијатива за донесување одлука за престанок на статусот на културно добро за Генералштабот.
Селаковиќ беше испрашуван на 4 декември, а по давањето на исказот, не зборуваше за самата постапка, туку упати обвинувања и навреди кон Обвинителството за организиран криминал.
Без да даде никакви докази, тој ги обвини дека работат по налог на неименувани центри на моќ, чија цел е соборување на владата во Србија и претседателот на Србија, Александар Вучиќ.
Видете и ова: Српските пратеници го усвоија законот со кој ќе може да се гради на местото на Генералштабот во БелградПретседателот на Србија, Александар Вучиќ, на 11 декември објави дека во случај да биде поднесено обвинение во случајот со Генералштабот, ќе ги помилува сите оние кои „наводно учествувале во проневера“.
„Нема да им дадам можност да ги гонат оние кои не се виновни за ништо. Јас сум виновен. Јас сум оној кој сакаше модернизација на Србија. Јас сум оној кој сакаше да донесе голем инвеститор“, рече Вучиќ.
На местото на комплексот на Генералштабот, уништен за време на бомбардирањето на НАТО во 1999 година, се планира изградба на луксузен комплекс на инвестициската компанија „Афинити партнерс“ на Џаред Кушнер, зет на американскиот претседател Доналд Трамп.
Со посебен закон (lex specialis), усвоен од српскиот парламент на 7 ноември, со кој се одзема статусот на Генералштабот како културно богатство, владата отвори пат за изградба.
На проектот се спротивставуваат антивладините демонстранти, опозицијата и стручната јавност, која е за задржување на заштитата и реставрација на модернистичката зграда од 20 век.