Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека единството меѓу Европа и Соединетите Држави е клучно во поддршката на Украина, додавајќи дека „нема недоверба“. Тој исто така го негираше извештајот во кој тој рекол дека постои ризик Вашингтон да ја предаде Украина.
„Единството меѓу Американците и Европејците по украинското прашање е од суштинско значење. И го повторувам тоа одново и одново, треба да работиме заедно“, изјави Макрон пред новинарите за време на посетата на Кина, на 5 декември.
„Ги поздравуваме и поддржуваме мировните напори што ги преземаат Соединетите Држави. На САД им се потребни Европејци да ги водат овие мировни напори“, додаде тој.
Германското списание „Шпигел“ во четвртокот цитираше транскрипт од доверлив повик што покажува дека францускиот претседател и германската канцеларка изразиле сериозен скептицизам во врска со напорите на владата на САД и нејзините претставници да преговараат за мир меѓу Украина и Русија.
„Негирам сè“, рече Макрон, кога беше прашан за извештајот на „Шпигел“.
„Ни требаат Соединетите Држави за мир. На Соединетите Држави им требаме ние за овој мир да биде траен и робустен“, рече францускиот претседател додавајќи дека „нема сценарио каде што траен мир во Украина е постигнат без заеднички напори меѓу Европејците, Американците, Канаѓаните, Австралијанците и Јапонците“.
Видете и ова: Мировните напори за Украина сѐ уште во застој, откако разговорите меѓу САД и Кремљ постигнаа мал напредокВо меѓувреме, разговорите во Соединетите Држави меѓу претставниците од Киев и Вашингтон за прекин на војната во Украина се завршени, објави украинскиот јавен радиодифузен сервис „Суспилне“ рано во петокот, повикувајќи се на извори во делегацијата на Киев.
На разговорите во Мајами, Украина ја претставуваше Рустем Умеров, секретар на Советот за национална безбедност и началникот на Генералштабот Андриј Хнатов.
Во видео порака, претседателот Володимир Зеленски рече дека украинската делегација во САД се обидува да разјасни што било дискутирано во Москва меѓу рускиот претседател Владимир Путин и претставниците на САД Стив Виткоф и Џаред Кушнер.
Виткоф, чија шеста средба беше со Путин, го презентираше најновиот став на САД за напорите за прекин на војната на Русија против Украина по повеќе од три и пол години. Минатиот викенд, тим предводен од Умеров во Флорида разговараше за можните чекори за прекин на војната со американскиот државен секретар Марко Рубио, Виткоф и Кушнер.