Германија распоредува пет авиони „Еурофајтер“ и 150 лица во полскиот град Малборк за да помогнат во заштитата на полскиот воздушен простор, соопштија германските воздухопловни сили на 4 декември, како одговор на руските упади со беспилотни летала во септември.
Кога беа регистрирани упадите, за соборување на дроновите се активираа полските борбени авиони Ф-16, холандските Ф-35, италијанските извидувачки авиони АВАКС, како и други авиони на НАТО.
Ова беше првпат членка на НАТО да собори беспилотни летала од почетокот на целосната инвазија на Русија врз Украина во февруари 2022 година.
Видете и ова: Русија изврши масовни напади низ Украина, а Полска и Романија ја активираа воздушната одбранаГерманските авиони „Еурофајтер“ работат како дел од мисијата на НАТО „Источна стража“ и до март 2026 година ќе останат распоредени во Малборк – кој се наоѓа на околу 60 километри од Гдањск и 80 километри од руската енклава Калининград.
„Со оваа мисија, испраќаме уште една силна порака за поддршка на нашиот сосед Полска и НАТО како целина“, рече командантот на германските воздухопловни сили Холгер Нојман.
Германија испрати авиони „Еурофајтер“ и во Романија како дел од напорите на НАТО за зајакнување на источниот крило на Алијансата, во услови на зголемени тензии со Русија.