Полицијата во Германија уапси уште еден наводен член на ќелија на Хамас кој планирал напади врз израелски или еврејски институции, соопштија германски обвинители, јави агенцијата АФП.
Хамас е означена за терористичка група од страна на Соединетите Американски Држави(САД) и од Европската унија (ЕУ).
Мажот, идентификуван како Борхан Ел - К., роден во Либан, беше уапсен доцна на 11 ноември при влегување во Германија од Чешка, соопшти канцеларијата на федералниот обвинител.
Видете и ова: Франција соопшти дека спречила три напади на Олимписките игри во ПаризОбвинителите тврдат дека тој во август „набавил автоматска пушка, осум пиштоли „глок“ и повеќе од 600 куршуми муниција во Германија“ и ги префрлил на друг осомничен, Ваел Ф.
Последниот беше еден од тројцата мажи уапсени во Берлин минатиот месец под сомнение за набавка на огнено оружје и муниција.
Данската полиција, исто така, претресе адреси во и околу Копенхаген поврзани со Борхан Ел-К. и друг осомничен.
Уште еден осомничен беше уапсен минатата недела во Лондон на барање на германските власти.
Хамас негираше каква било поврзаност со наводниот заговор.