В петок следната недела, на 14 ноември почнува расправата по Предлог-буџетот за 2026 година во собраниската Комисија за финансирање и буџет.
До понеделник, 10 ноември, е рокот до кој пратениците може да поднесат амандмани на Предлог-буџетот.
Според најавите од претседателот на Собранието Африм Гаши, се очекува на 9 декември да се одржи пленарната седница.
Видете и ова: Капиталните инвестиции растат на хартија, но недоволно на теренВкупните приходи во Предлог-буџетот за 2026 година се проектирани на 374,7 милијарди денари, расходите на 413,9 милијарди денари, а капиталните инвестиции на 40,5 милијарди денари.
Економскиот раст за следната година е проектиран на 3,8 проценти, инфлацијата на 2,5 проценти, а буџетскиот дефицит на 3,5 проценти од БДП.