Две лица беа убиени, а седум други беа повредени во израелски воздушни напади врз Либан на 8 ноември, според либанските извештаи, јави агенцијата ДПА.
Двата одделни инциденти се случуваат во време на пораст на нападите за кои Израел вели дека се насочени кон либанската група Хезболах, која е сојузничка на Иран.
Во еден напад, израелски дрон погоди возило на пат во југоисточен Либан, при што загинаа двајца браќа, објави либанската државна новинска агенција ННА.
Претходно истиот ден, израелски дрон таргетираше друго возило во близина на болница во јужниот град Бинт Џбеил, при што беа повредени седум лица, соопшти либанското Министерство за здравство.
Нема непосреден коментар од израелската војска.
Видете и ова: Иран ги осуди израелските напади во Либан како „кршење на прекинот на огнот“Израел во четвртокот соопшти дека извршил серија напади врз воени цели на Хезболах во јужен Либан.
Тензиите меѓу Израел и Хезболах неодамна ескалираа и покрај кревкото примирје. Израел, со поддршка на САД, врши притисок за целосно разоружување на Хезболах. Примирјето технички е во сила од крајот на ноември минатата година, по месеци борби меѓу Израел и Хезболах.
Но, Израел го обвинува Хезболах за вооружување и продолжува со речиси секојдневните напади.