Стотици лекари одржаа мирен протест пред грчкото Министерство за здравство на 7 номеври, втор ден од штрајкот против она што синдикатите го нарекуваат „мизерни“ услови во болниците и за персоналот и за пациентите.
Федерацијата на работници во јавните болници (ПОЕДХН), еден од организаторите на протестот, соопштија дека „животите на пациентите се во ризик“ и дека здравствениот персонал е на работ на „професионална исцрпеност“ поради условите предизвикани од кратењето на трошоците.
Видете и ова: Промените каскаат, здравството заглавено во популизам и корупцијаСиндикатот, исто така, соопшти дека новите лекари ја избегнуваат работата во болниците поради ниските плати. Сериозни кратења во здравствените трошоци беа дел од плановите за справување со финансиската криза во Грција од 2008 до 2018 година.
Здравствениот буџет на Грција изнесува 8,5 проценти од бруто домашниот производ, наспроти просекот од 10,4 проценти во земјите на Европската унија.
Јанис Галанопулос од Федерацијата на синдикати на грчки болнички лекари (ОЕНГЕ) на прес-конференција обвини дека болниците станале толку „мизерни“ места, што дури и пациенти се сместени во кревети низ ходници.
Тој посочи дека голем дел од болничката инфраструктурата е застарена. Кратењата доведоа до недостиг на основни залихи и опрема, а многу болници се пренатрупани, што резултира со сместување на пациенти во ходниците. Поради недостиг на персонал и ресурси, пациентите честопати мора да чекаат долго време за закажување операции и специјалистички прегледи.