Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на 2 ноември изјави дека ќе се сретне со студентите во блокада, за да се одржат парламентарните избори пред предвиденото, пренесува агенцијата Бета.
Вучиќ рече дека за ова ќе одлучат „надлежните институции“.
Распишување предвремени избори е едно од барањата на масовните антивладини протести во Србија што започнаа поради несреќата на железничката станица во Нови Сад на 1 ноември 2024 година, кога загинаа 16 лица.
Вучиќ, исто така, изјави дека студентите во блокада реагирале негативно на неговото извинување, за острите зборови што ги изговорил за нив, бидејќи како што рече, „тоа е младината, во револуционерна екстаза истрчуваат пред да размислат“.
„Моето извинување беше искрено, не за да му се додворувам на некого, не затоа што, како што мислат некои, се плашев, туку со желба да ја променам атмосферата во општеството“, рече Вучиќ, за време на обиколката на градилиштето на Националниот стадион како дел од проектот EXPO.
Тој рече дека порано реагирал емоционално на „ирационални навреди“, но дека, за разлика од неговите противници, може да го признае тоа.
Видете и ова: Блокада во Белград, молк за жртвите и поддршка за мајката на еден од загинатитеНа 31 октомври, Вучиќ им се извини на „студентите, демонстрантите и другите луѓе“ за некои изјави и повика на дијалог.
„Мојата рака е подадена на оние кои размислуваат поинаку“, рече Вучиќ, додавајќи дека е среќен што одбележувањето на една година од несреќата на железничката станица во Нови Сад на 1 ноември било „мирно и достоинствено“.
На комеморативниот собир во Нови Сад на 1 ноември, десетици илјади луѓе им оддадоа почит на жртвите од падот на настрепницата на железничката станица во Нови Сад.
Видете и ова: Една година по трагедијата, Србија се сеќава на жртвите во Нови СадДенови пред состанокот во Нови Сад, неколку колони студенти од различни делови на Србија тргнаа кон овој град.
Поглаварот на Српската православна црква (СПЦ), патријархот Порфирије, отслужи комеморација за жртвите во Белград, на која присуствуваше државниот врв.
Една година по смртта на 16 лица и тешката повреда на едно лице, никој не е прогласен за виновен.