Независниот кандидат за градоначалник за општина Македонски Брод, Милосим Војнески објави на Фејсбук дека се повлекува од изборната трка во вториот круг, притоа потенцирајќи дека време за обединување и ставање крај на поделбите.
@По бројните разговори со вас, мои сограѓани, одлучив да ја повлечам својата кандидатура. Ги разбирам сите оние кои, поради различни причини, ги поделија своите гласови дури и во рамките на семејствата, и не би сакал дополнително да ги продлабочувам тие теми. ВМРО-ДПМНЕ е мојата матична партија — партија на која и го посветив поголемиот дел од својот живот, уште од времето на осамостојувањето па се до денес#, напиша Војнески на Фејсбук.
Според него, најдобрата одлука во интерес на неговите сограѓани е да се повлече од оваа изборна трка.
„Свесен сум дека оваа моја одлука за многумина ќе биде изненадување, но верувајте – ова е најдоброто нешто што можев да го направам за граѓаните на нашата Општина во овој момент. Секогаш ќе бидам достапен за граѓаните и ќе се обидам да помогнам колку што можам. Вашата поддршка никогаш нема да биде заборавена“, пишува Војнески на Фејсбук.
Видете и ова: ВМРО-ДПМНЕ ја потврди доминацијата, ВЛЕН позицијата во властаВо првиот круг на локалните избори одржан на 19 октомври, Ристески освои 1.539 гласови, односно 44,49 отсто, а зад него беше независниот кандидат Милосим Војнески со 705 гласа или 20,38 насто. На третото место заврши кандидатот на СДСМ, Ивица Стојкоски, кој освои 702 гласа.