Акционерското друштво НОМАГАС, кое врши пренос и управување со системот за пренос на природен гас низ целата територија на земјата, попладнево соопшти дека известувањето од ЈСП Скопје за можни отстапувања и евентуални промени во возниот ред за утре треба да се земат со резерва.
Од НОМАГАС посочуваат дека поради планирани ремонтни работи на регионалните гасоводни системи во соседството привремено има прекин на испораката на природен гас кон Северна Македонија, но оти работите треба да завршат на време и оти утре треба да се стабилизира испораката.
Потенцираат дека ремонтните работи и прекинот се од 13 октомври и дека во претходните четири дена ЈСП Скопје немале проблем во функционирањето.
„Поради планирани ремонтни работи на регионалните гасоводни системи во соседството, се соочуваме привремено да има прекин на испораката на природен гас кон Македонија, а ваквите ремонтни активности не се во ингеренции на НОМАГАС АД Скопје од причини што не се вршат на сопствениот гасовод. Активно и ажурно се следи состојбата 24 часа на ден и во рамките на расположлилвите можности се превземаат сите неопходни мерки за соодветно да се постапи и да се избегнат негативните страни на прекинот колку што е можно повеќе. Ремонтните работи треба да завршат на време и веќе утре на 17 октомври треба да се стабилизира испораката на природен гас, се вели во соопштението од НОМАГАС.
Видете и ова: Скопје пред избори - многу ѓубре и хаос, малку воздух и редНаведуваат и дека ЈСП Скопје веќе една година, не се нивни директни корисници преку станицата од НОМАГАС АД Скопје која се наоѓа на нивната територија.
„Со оглед на наведеното, доколку постои друга причина за можни отстапувања и евентуални промени во возниот ред од ЈСП Скопје не е коректно да се посочува на НОМАГАС АД Скопје за сензитивна тема како што е градскиот превоз во Градот Скопје“, се вели во соопштението.
ЈСП Скопје на својата веб страница претходно денеска објави дека се можни отсапувања од возниот ред, како што наведе, согласно добиената информација од НОМАГАС АД Скопје, дека ќе има прекин на испораката на природен гас кон Македонија до 17 октомври 2025 година“.
„Доколку бидеме информирани за евентуални промени околу времетраење на прекинот, навремено ќе бидете известени“, се вели во информацијата на јавното сообраќајно претпријатие.