Интерна група во рамки на Европската комисија (ЕК) ќе ги истражува обвинувањата дека Унгарија ги шпионира европските институции, изјави портпаролот на ЕК.
Ова следува откако тврдења за шпионажа беа изнесени од неколку медиуми, вклучувајќи ја унгарската група за истражувачко новинарство „Директ 36“ и германски „Шпигел“.
„Комисијата ги зема предвид сите денешни извештаи дека унгарското разузнавање извршило шпионски операции против Европската Унија и нејзиниот персонал. Комисијата ги сфаќа многу сериозно ваквите обвинувања“, рече портпаролот на Комисијата.
Видете и ова: Брисел разгледува замрзнати руски средства за финансирање на УкраинаПортпаролот на постојаната претставништво на Унгарија во ЕУ во Брисел, пак, не коментираше за обвинувањата, но ги упати новинарите од „Ројтерс“ на изјавата на министерот за надворешни работи Петер Сијарто за унгарскиот портал Индекс.
Во изјавата Сијарто вели дека нема сознанија за случајот што го откри „Директ 36“ и оти според него, ваквите тврдења се неосновани.