Германската партија Алтернатива за Германија (AfD) во Хамбург го исклучи локалниот партиски член Роберт Риш од градскиот совет откако сликите анализирани од РСЕ/РЛ покажаа дека тој присуствувал на форум на крајнодесничарската партија во Русија, на кој се собрале екстремнодесничарски политичари.
Риш присуствуваше на конференцијата во Санкт Петербург на 12 септември, покажа анализата на сликите.
Меѓу организаторите на настанот беше и Константин Малофеев, тајкун поврзан со Кремљ, под западни санкции за вмешаност во агресивната војна на Москва против Украина.
Помалку од еден месец подоцна, на 6 октомври, раководството на АФД (AfD) едногласно одлучи да покрене дисциплинска постапка против Риш, изјави Дирк Нокеман, лидерот на партијата од Хамбург.
Риш ги негираше обвинувањата, велејќи дека патувањето било приватно и дека „пријателка“, која е поранешната членка на советот на АФД во Хамбург, Олга Петерсен, го замолила да ја придружува на еден настан.
Тој додаде дека роденденот на Петерсен се паднал на истиот датум како и конференцијата и тврдеше дека немал претходно знаење за учесниците или за агендата.
Риш понатаму рече дека „води кампања за мир“ и не може да биде одговорен за оние „со кои седел во иста просторија“.
Видете и ова: Кремљ чека појаснување од САД за можна испорака на ракетите „Томахавк“ во УкраинаПокрената е и постапка за исклучување против Петерсен. Според германските медиуми, таа исто така присуствувала на настанот во Санкт Петербург и сега живее во Русија, јавно поддржувајќи ја руската влада.
Во март 2024 година, Петерсен дејствувала како набљудувач на изборите на кои претседателот Владимир Путин обезбедил нов мандат и наводно го нарекол гласањето „отворено, демократско и слободно“.
Во февруари, Петерсен, која е родена во Русија, објави фотографии на кои се гледа со руски војници во руски окупиран дел од Украина.
Најавен како основачка конференција на „меѓународна лига на антиглобалисти“ наречена Паладини, на форумот во украсениот Марински дворец во Санкт Петербург од царската ера присуствувале и крајно десничарски политичари од земји, вклучувајќи ги Франција, Германија, Италија, Мексико, Шпанија и Јужна Африка.