Сириските владини сили и Сириските демократски сили (СДФ) предводени од Курдите се согласија за сеопфатен прекин на огнот во северна и североисточна Сирија, јави агенцијата ДПА повикувајќи се на информации од официјални лица.
Договорот дојде по состанокот во Дамаск меѓу сирискиот министер за одбрана Мурхаф Абу Касра и командантот на Сириските демократски сили.
„Се согласивме за сеопфатен прекин на огнот на сите фронтови и точки на воено распоредување во северна и североисточна Сирија, при што овој договор ќе се спроведе веднаш“, напиша Абу Касра на мрежата Икс (поранешен Твитер).
Видете и ова: Над 100 загинати во борби на протурските и курдските сили во СиријаДвете страни се фокусираат на спроведување на прекинот на огнот, спречување на присуство и употреба на оружје и обезбедување стабилност за да се избегне избувнување на нова војна.
Во понеделникот (6.10.) во Алепо избувнаа судири во две населби под контрола на СДФ. Сириската арапска новинска агенција (САНА) објави дека еден член на безбедносните сили е убиен, а тројца се повредени, додека извори од цивилната одбрана изјавија дека еден цивил загинал, а петмина се ранети од ракетно гранатирање на СДФ.
Сириската опсерваторија за човекови права, со седиште во Велика Британија, опиша „претпазливо смирување“ во областа по прекинот на огнот.