Украина лансираше голем напад од дронови втора ноќ по ред кон Русија, која во вторник (7 октомври) соопшти дека соборила 184 проектили.
Поголемиот дел од дроновите беа пресретнати над граничните региони Курск и Белгород, соопшти руското Министерство за одбрана.
Во понеделник (6 октомври) Русија соопшти дека пресретнала 251 беспилотно летало, што е еден од најголемите одмазднички напади на Киев.
Во нападите загинаа две лица и се случија прекини во електричната енергија, а според локалните власти, околу 1000 се уште се без струја во Белгород.
Видете и ова: Напад на Украина врз руски Белгород, илјадници луѓе останаа без електричната енергијаКиев вети дека ќе ги засили нападите на руска територија, особено врз руската нафтена инфраструктура, во она што го смета за легитимен одговор на секојдневните напади на Москва врз украинските градови и нејзината енергетска мрежа, кои понекогаш оставаат милиони луѓе без греење и електрична енергија.