Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска учествува на состанокот на шефовите на држави од регионот во рамки на „Процесот Брдо-Бриони“, што се одржува во Драч, Албанија.
Во објава на Фејсбук, Сиљановска-Давкова информира дека со претседателите на земјите учеснички ќе се разменат мислења за најважните прашања поврзани со европската интеграција – Планот за раст на ЕУ, младинската политика и одливот на мозоци, како и за регионалната соработка и безбедноста.
„Процесот Брдо-Бриони е инспириран од солидарноста и пријателството меѓу државите од регионот, со намера да го поттикне политичкиот дијалог и партнерството на највисоко ниво и да ја зајакне меѓусебната доверба“, напиша Сиљановска-Давкова.
Видете и ова: Лидерите од Западен Балкан на самит во ДрачДомаќин на годинашниот состанок е претседателот на Албанија, Бајрам Бегај. Според претседателката, одржувањето на процесот е потврда за потребата од редовен дијалог за навремено соочување со регионалните предизвици и решавање на отворените прашања.
„Процесот Брдо-Бриони“ е заедничка иницијатива на претседателите на Словенија и Хрватска, започната во 2013 година со првиот состанок во Брдо кај Крањ.