Нови делови од дрон беа пронајдени во источниот романски округ Тулча, сосед на Украина, во понеделник на 29 септември, изјави романскиот министер за одбрана Јонут Мостеану, јави Ројтерс.
Експерти од Министерството за одбрана ги собираат деловите од дронот за натамошна истрага.
Претходно, неидентификувани дронови биле забележани ноќта меѓу 26 и 27 септември над најголемата воена база во Данска, во низата забележани надлетувања што данските власти ги нарекоа „хибриден напад“.
Видете и ова: ЕУ планира „ѕид против дронови“ поради страв од руски упади во воздушниот просторМистериозните набљудувања со беспилотни летала доведоа до тоа да се затворат неколку аеродроми во Данска.
На 9 и 10 септември, околу 20 руски дронови наводно влегоа во полскиот воздушен простор за време на напад на Украина, што доведе до затворање на аеродромите и полетувања на авиони на НАТО.