Од Центарот за управување со кризи вечерва информираа дека депонијата над Арачиново е повторно распалена.
„На терен за нејзино локализирање дејствува екипа на Бригадата за противпожарна заштита“ посочуваат од ЦУК.
Ова е само уште еден во низата пожари на скопските депонии во последниот период.
Претходно гореше електронски отпад, акомулатори и батерии во Трубарево - пожар по кој беа измерени тешки метали во воздухот од страна на Министерството за животна средина.
Видете и ова: Скопје пред избори - многу ѓубре и хаос, малку воздух и редГореше и отпад во просторот кај Вардариште, како и депонијата „Дрисла“, при што во воздухот беа ослободени големи количества штетни материи.
Граѓаните неколкупати излегоа на протести, предупредувајќи дека ваквите пожари го загрозуваат нивното здравје и дополнително го влошуваат квалитетот на воздухот во Скопје.