Привремена забрана за работа доби вискота стручна школа„ Факултет за бизнис економија“ во Скопје од Министерството за образование и наука по утврдено незаконско работење.
Во соопштението е наведено дека посебна комисија по проверка на работата утврдила нерегуларности и непостапување по законски задолженија, но детали не соопштија.
„Одлуката за времено запирање на работата на оваа приватна високообразовна установа е донесена и врз основа на мислење од страна на Одборот за акредитација на високото образование“, велат од МОН.
На Факултетот за бизнис економија нема запишани нови студенти во академската 2025-2026 година. Според соопштението од Министерството од Факултетот кон веќе запишаните студенти, ќе ги исполни обврските со цел овозможување непречена понатамошна едукација, односно префрлање на други факултети.
Видете и ова: Јаневска: Учебниците што им недостигаат, училиштата ќе може да ги најдат во ПДФ-форматВо соопштението е наведено дека почитувањето на законските прописи мора да биде основен принцип во работењето на сите образовни установи.
Од Министерството соопштија дека во изминатите 15 месеци затворени се и 14 приватни научни институти, од кои дел поради неактивност, а дел поради неисполнување на условите за работа.