Првите парламентарни избори во Сирија по соборувањето на поранешниот владетел Башар ал-Асад официјално се закажани за 5 октомври. Ова го објави државната новинска агенција САНА, повикувајќи се на Врховната изборна комисија на Сирија.
Неизвесноста околу тоа како ќе се спроведе гласањето останува. На крајот на август, изборната комисија објави дека изборите во три провинции ќе бидат одложени на неодредено време од безбедносни причини.
Првично не беше јасно дали изборите на почетокот на октомври ќе ги вклучат трите засегнати провинции: Свеида, ал-Хасака и Рака.
Се очекува новиот и проширен парламент да има 210 членови, од кои една третина ќе бидат назначени од привремениот претседател Ахмед ал-Шара.
Видете и ова: Сирија објави крај на операцијата против „остатоците од режимот“ на АсадКритичарите се жалат дека влијанието на ал-Шара врз парламентот ќе остане значајно.
Под Ал-Асад, парламентот на земјата, со население од приближно 23 милиони, имаше само 150 места. Две третини од местата автоматски одеа кај партијата на ал-Асад, партијата Баас, и нејзините сојузници.
Меѓународните организации и претставниците на граѓанското општество ќе можат да ги набљудуваат изборите во координација со изборната комисија.