Тројца странски работници загинаа во сообраќајна несреќа во Штип

Илистрација - Полиција, полициска СТОП лента

Тројца странски работници загинаа утринава во сообраќајна несреќа на експресниот пат Штип- Радовиш, кога комбе со петмина патници излета од патот и падна од мостот во коритото на Балталичка река.

Штипскиот обвинител извршил увид на лице место, а телата на починатите работници се дадени на Обдукција.

Видете и ова: Двајца исландски велосипедисти повредени пред трката, при сообраќајна несреќа на кумановски регионален пат

Според соопштението од Обвинителството со комбето се превезувале работници ангажирани од фирма од Струмица. Во несреќата го загубија животот тројца работници, од кои според првичните сознанија двајца се од Бангладеш и еден од Непал, додека едно лице е тешко повредено.

Возачот се здобил со лесни повреди. Од Обвинителството велат дека се преземени мерки за утврдување на причините за несреќата и дека по наредба на јавен обвинител ќе биде извршено и сообраќајно вештачење.