Ставен под контрола големиот пожар што попладнево изби на депонијата во Вардариште, а набргу ќе започне и пуштањето на електрична енергија, информираaт од Дирекцијата за заштита и спасување.
Пожарот предизвика прекин на струја во општината Аеродром, населбата Ново Лисиче, и околните населени места, а поради сериозноста пожарот да не направи дополнителна штета се исклучија далноводите.
Од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) велат дека без струја останаа населбите Аеродром, Лисиче, Методија Андонов Ченто, индустриската зона, Кванташки пазар, Арачиново, Стајковци, Трубарево и Бунарџик.
„Пожарот во депонијата Вардариште е целосно ставен под контрола. Набргу, дел по дел, ќе биде пуштена електричната енергија“ изјави директорот на ДЗС Стојанче Ангелов.
Видете и ова: Гори депонијата Вардариште, превентивно исклучени неколку далноводиПретходно во соопштението од ДЗС беше наведено дека постојат сомневања дека се работи за намерно предизвикано палење на депонијата Вардариште“.
Според последните информации објавени од Центарот за управување со кризи на целата териоторија на државата утрово биле евидентирани четири пожари на отворено кои се ставени под контрола.
Станува збор за пожари во општината Македонски брод каде што на подрачјето Јасен горела мешана шума, потоа на планината Кожуф, и во општините Долнени и Делчево каде што била запалена градската депонија.