Министерката за образование на Велика Британија, Бриџит Филипсон, изјави дека е „засрамена“ од нивото на детска сиромаштија во Велика Британија и најави промени во бенефициите за да се помогне во решавањето на проблемот.
Филипсон рече дека владата на Велика Британија разгледува „мерки за социјално осигурување“ како дел од својата стратегија за детска сиромаштија.
Министерката за образование е копретседателка на работната група за детска сиромаштија, која ја изготвува стратегијата на Владата за ова прашање, која треба да биде објавена на есен.
Претходно ограничувањето за две деца првпат беше објавено во 2015 година од страна на Конзервативците, а стапи на сила во 2017 година.
Видете и ова: Секое трето дете во Северна Македонија живее во сиромаштијаСо законксите измени беа воведени и ограничувањето на бенефициите, со кои беше ограничен вкупниот износ на поддршка финансирана од даночните обврзници што едно домаќинство може да ја добие.
Британскиот Институт за фискални студии процени дека трошоците за отфрлање на двата система би биле околу 3,3 милијарди фунти односно 4,46 милијарди долари.
„Срам ми е од многу големиот број деца кои растат во сиромаштија што го гледаме во нашата земја“, изјави министерката во ТВ интервју за Скај њуз.
Таа посочи дека намалувањето на тоа ниво е „она за што влегла во политиката“.
Министерката посочи на проширувањето на грижата за деца финансирана од даночните обврзници, бесплатните училишни оброци и клубовите за појадок во Англија.
„Разгледуваме секаков начин да извлечеме повеќе деца од сиромаштија. Тоа се однесува и на мерките за социјално осигурување. Тоа не е единствениот начин да ги извлечеме децата од сиромаштија и, секако, тоа доаѓа со голема цена, но знаеме дека недејствувањето исто така доаѓа со сериозни последици и влијание“, изјави министерката.
Надбискупот од Јорк, Стивен Котрел, рече дека неуспехот да државата да се справи со детската сиромаштија е „длабоко срамно за нас како нација“ и рече дека ограничувањето за две деца е „еден од факторите што придонесуваат“.
Тој ги поддржа предлозите на поранешниот премиер Гордон Браун за поддршка на даночните реформи за коцкање и данок врз банките за финансирање на напорите за ублажување на сиромаштијата.
„Едноставно е срамен скандал што во богата земја како нашата, секој ден има деца - мислам, илјадници деца секој ден - кои одат на училиште гладни. Тие немаат соодветен душек за спиење, имаат целата стигма и влијанието на сиромаштијата што го ограничува животот. Не треба да биде вака, за што знам дека сите се согласуваат,“ изјави Котрел.
Ветената стратегија за детска сиромаштија на владата првично се очекуваше напролет, но сега треба да биде објавена наесен, а добротворните организации и организациите кои работат во секторот проценуваат дека повеќе од 100 деца дневно живеат во сиромаштија.
Неколку верски лидери потпишаа отворено писмо со кое ги повикуваат премиерот Кир Стармер и канцеларката Рејчел Ривс да го укинат ограничувањето на надоместоците за две и повеќе деца.
„Вложуваме 500 милиони фунти во развој на децата, продолжувајќи ги бесплатните училишни оброци и осигурувајќи се дека најсиромашните нема да гладуваат за време на празниците преку нов пакет за поддршка на кризата од 1 милијарда фунти,“, изјави портпаролот на Британската влада.