Во пукотница во католичко училиште во американскиот град Минеаполис, Минесота, загинаа три лица, вклучувајќи го и вооружениот напаѓач, а уште 20 се повредени, потврди полицијата.
Потврдена е смртта на две деца, на возраст од 8 и 10 години.
Агенцијата Ројтерс јави дека се повредени 17 лица.
Според локалната полиција, вооружениот напаѓач бил малолетник, а мотивот за нападот сè уште не е познат. Полицијата првично соопшти дека пет лица се мртви, но подоцна го ревидираше бројот на жртви. Истрагата е сè уште во тек, а на жителите им се препорачува да ја избегнуваат училишната област.
Видете и ова: Пукање во училиште за возрасни во Шведска, убиени десет лицаБлаговештанското католичко училиште има околу 390 ученици, од градинка до средно училиште и се наоѓа на кампус од 62 хектари. Бројни служби за итни случаи, вклучувајќи полиција, пожарникари и медицински екипи беа на местото на пукањето.
Американскиот претседател Доналд Трамп кажа дека бил информиран за пукањето и дека ФБИ е на местото на настанот.
„Ве молам, придружете ми се во молитвата за сите вклучени!“, напиша Трамп на социјалните мрежи.
Гувернерот на Минесота, Тони Еверс, изрази сочувство за настраданите и благодарност до службите.
„Се молиме за децата, наставниците и целата училишна заедница додека чекаме повеќе информации“, рече Еверс.
Последното е едно од речиси 490 масовни пукања што се случија во Соединетите Американски Држави оваа година, според податоците на Архивата за насилство со оружје.