Австралиската влада на 26 август објави дека го протерува иранскиот амбасадор во Канбера, обвинувајќи го Иран за вмешаност во антисемитски напади во Мелбурн и Сиднеј.
„Разузнавачките служби на земјата дојдоа до „длабоко вознемирувачки заклучок“ дека Иран организирал најмалку два антисемитски напади кон крајот на 2004 година“, изјави австралискиот премиер Ентони Албанезе на прес-конференција.
Австралија им даде на амбасадорот и на тројца други ирански дипломати рок од седум дена да ја напуштат земјата, изјави министерката за надворешни работи Пени Вонг.
Ова е прв пат Австралија да го стори ова од Втората светска војна.
Канбера, исто така, ја суспендираше својата амбасада во Техеран и го повлече својот амбасадор.
Видете и ова: Евреин погубен во Иран за убиство за кое велеше дека било во самоодбранаСепак, Австралија нема намера целосно да ги прекине дипломатските односи со Иран за да ги брани интересите на своите граѓани, додаде Пени Вонг.
Австралискиот премиер изјави дека Иран стои зад пожарите во кошер кафуле во предградието на Сиднеј во октомври 2024 година и во синагогата Адас Израел во Мелбурн во декември 2024 година. Во овие инциденти немаше повредени.
Австралискиот премиер додаде дека Иран веројатно стои зад другите антисемитски напади во земјата.