Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари кои работеле за меѓународни медиуми, наводно биле убиени во израелски напад врз болница во јужниот дел на Појасот Газа.
Ројтерс објави дека еден од нивните сниматели бил убиен во нападот врз болницата Насер. Останатите тројца наводно работеле за Ал Џезира, Асошиејтед Прес и Ен Би Си.
Неколку лица биле убиени во првиот напад, а други во вториот, кој се случил додека спасувачите пристигнувале на местото на настанот, соопшти Цивилната одбрана, која ја води Хамас, палестинско движење кое САД и Европската Унија го сметаат за терористичко.
Израелската војска и канцеларијата на премиерот изјавија дека немаат коментар.
Снимките покажуваат како се издига чад од главната болница во јужна Газа.
Видете и ова: Пет новинари на Ал Џезира убиени во израелски напад во ГазаНа едно видео, додека докторот држи крвава облека за да им покаже на новинарите, може да се види уште еден напад, објавува Би-Би-Си.
Новинската агенција Ројтерс објави дека нивниот снимател, Хусам ал-Масри, е меѓу загинатите. Останатите се Мохамед Саламех, кој работи за Ал Џезира, Маријам Абу Дака, новинарка на Асошиејтед Прес, и фотографот Муат Абу Таха, кој работи за американската ТВ мрежа Ен Би Си (NBC).
Новинар на Ал Џезира е убиен во Газа, изјави претходно портпаролот на катарската ТВ мрежа на 24 август. Смртта на Мохамед Салама е „потврдена“, изјави портпаролот, откако Ал Џезира објави дека тој е убиен во израелски напад.