Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јуни годинава е 45 468 денари. Ова е за 8.4 проценти повеќе во однос на јуни 2024, објави денеска (22 август) Државниот завод за статистика (ДЗС).
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на порастот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Образование за 14.7 проценти, Дејности на здравствена и социјална заштита за 12.7 проценти и Рударство и вадење камен за 12.2 проценти.
Инаку, Владата и Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) во октомври 2024 постигнаа договор во ноември наставниците и професорите да добијат 5% повисоки плати и платите континуирано да им растат во следните четири години.
И здравствените работници добија покачување со октомвриската плата во 2024 година, а мартовската плата исплатена во април им беше повисока за 2500 денари.
Видете и ова: Скапотијата во рестораните, но и зголемената побарувачка ја туркаат инфлацијата нагореНамалување во однос на претходниот месец, ДЗС забележува во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување за 7.5 проценти, Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли за 4.3 проценти и Транспорт и складирање за 2.1 процент
Инаку, во јуни 2025 просечната месечна исплатена бруто-плата била 68 340 денари.