Пристапуваме кон системско санирање на хидросистемот Ѓавато и тој во најскоро време ќе биде целосно оперативен и функционален, најави премиерот Христијан Мицкоски по денешниот увид во градежните активности за санација на хидросистемот во Дојран.
Мицкоски рече дека биле детектирани места каде што има пукнати цевки кои треба да ја донесат водата до базенот од каде со други пумпи водата ќе биде однесена во Дојранското Езеро и потсети дека три, четири години хидросистемот функционирал со расипан цевковод.
Премиерот порача дека во најскоро време ќе бидат санирани овие дефекти со што ќе се зголеми капацитетот на вода која ќе доаѓа до резервоарот од каде со други пумпи ќе биде пренасочена кон езерото.
„Во периодот што следи планираме да оспособиме најмалку четири пумпи, а потоа уште дополнителни две со што цениме дека ќе ги задоволиме потребите за во најскоро време Дојранското Езеро да го добие изгледот кој што заслужува да го добие за да го користат сите граѓани“, посочи Мицкоски.
Видете и ова: Нема доволно луѓе, ниту инструменти за адекватен мониторинг на водитеВо моментов работат две бунарски потопни пумпи со капацитет од по 100 литри во секунда од вкупно десет со вкупен капацитет од 1.000 литри во секунда. Премиерот најави дека ќе се санираат и потисните пумпи кои ја буткаат водата кон Дојранското Езеро.
Во последниот месец водата на Дојранското езеро драстично се повлече. Според мерењата од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), нивото на Дојранското Езеро скоро една година постојано е околу 80 сантиметри под договорениот минимум.
Откако поради енергетската криза пред 4 години, со одлука на тогашната Влада пумпите во Дојранското езеро беа целосно исклучени, во октомври минатата година министерот за животна средина Изет Меџити пушти во употреба три, со најава дека останатите ќе бидат реконстуирани