Швајцарија би била подготвена да го прими рускиот претседател Владимир Путин на какви било мировни преговори за Украина и покрај постојната потерница по него од Меѓународниот кривичен суд, изјави швајцарскиот министер за надворешни работи Игнацио Касис, јави Ројтерс.
Тој за националниот радиодофузен сервис СРФ кажа дека доколку Путин доаѓа за мировни цели, земјата може да го прими.
„Ова има врска со нашата дипломатска улога, со меѓународната улога на Женева како (европско) седиште на Обединетите нации“, изјави Касис.
Видете и ова: Кремљ „не ги признава“ налозите за апсење од Меѓународниот кривичен судФранцускиот претседател Емануел Макрон ја спомена Женева како потенцијална локација за мировни преговори за Украина меѓу Путин и украинскиот претседател Володимир Зеленски по состанокот меѓу американскиот претседател Трамп, Зеленски и европските лидери на 18 август во Вашингтон.
Меѓународниот кривичен суд издаде потерница за Путин во 2023 година, нешто повеќе од една година откако Русија ја започна својата целосна инвазија на Украина, обвинувајќи го Путин за воено злосторство, депортација на стотици деца од Украина.
Русија ги негира обвинувањата за воени злосторства, а Кремљ ја отфрли потерницата од Меѓународниот кривичен суд како ништовна.