Русија ги врати телата на 1.000 украински војници, од кои петмина загинаа додека беа во заробеништво, соопшти украинска владина агенција. Украина ги врати телата на 19 руски војници во замена, изјави руски функционер, јави агенцијата АФП.
Видете и ова: Разговорите меѓу Украина и Русија завршија без никаков напредокДвете страни ги интензивираа овие напори во последните месеци за време на разговорите меѓу Украина и Русија во Истанбул, во јуни и јули 2025 година.
Десетици илјади војници се убиени од двете страни откако Русија ја почна инвазијата на Украина во февруари 2022 година, иако ниту една страна редовно не објавува податоци за сопствените жртви.
Размената на воени заробеници и репатријацијата на воените загинати е една од ретките области на соработка меѓу двете земји од почетокот на војната, пренесе АФП.
Се вели дека органите за спроведување на законот ќе почнат процес на идентификација на војниците.