ЦУК: Активен е пожар во Националниот парк Јасен

Пожар во Северна Македонија (фотоархива)

Во Националниот парк Јасен гори мешана шума, информираше Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Според пресекот за пожари на отворено, тоа е единствениот активен пожар до 9 часот на 10 август.

Во изминатото деноноќие, пак, имало уште 21 пожар, но тие се изгаснати. Биле на териториите на општините Тетово, Струмица, Новаци, Велес, Битола, Гостивар, Карбинци, Прилеп, Куманово, Ранковце, Сарај, Кичево, Валандово и Студеничани.

Видете и ова: Над 350 невработени утре ќе ги потпишат договорите за ангажман во справувањето со пожарите

Северна Македонија и ова лето се справува со зголемен број пожари на отворено.

На територијата на цела држава е прогласена кризна состојба, која Влада ја седница на 7 август ја продолжи за нови 30 дена.

За да се зајакнат капацитетите во справување со пожарите, Дирекцијата за заштита и спасување преку општините потпиша договори со 352 граѓани што се пријавија на неодамнешниот повик за обука на пожарникари.