Тим од тројца независни експерти кои работат за највисокото тело на ОН за човекови права, со фокус на Израел и палестинските територии, поднесе оставка, наведувајќи лични причини.
Израелската влада постојано го критикуваше тој тим експерти, познат како Комисија за истрага на окупираната палестинска територија и Израел, избегнуваше соработка со тимот и ги одби сите нивни барања да патуваат во регионот, објави АП.
Ниту независните експерти, ниту советот, немаат никаква моќ над земјите, туку имаат за цел да посочат кршење на правата и да соберат информации за осомничени сторители што би можеле да ги користат Меѓународниот кривичен суд или други судови кои се фокусираат на меѓународната правда.
Оставките, објавени од Советот за човекови права поддржан од ОН, кој го формираше тимот, доаѓаат во време кога насилството на палестинските територии продолжува и има малку знаци за смирување на израелската воена кампања против Хамас - која САД и ЕУ ја сметаат за терористичка организација- и другите милитанти кои стојат зад нападот од 7 октомври 2023 година.
Нави Пилај, поранешната шефица на ОН за човекови права, која ја водеше комисијата во изминатите четири години, во писмо до претседателот на советот изјави дека поднесува оставка од 3 ноември поради „возраст, здравствени проблеми и тежината на неколку други обврски“.
Видете и ова: САД воведуваат санкции против специјалната известувачка на ОН за палестинските територииМинистерството за здравство во Појасот Газа, контролирано од Хамас, соопшти дека жените и децата сочинуваат повеќе од половина од повеќе од 58.000 смртни случаи во војната.
Министерството не прави разлика помеѓу цивили и борци. ОН и другите меѓународни организации ги сметаат овие бројки за најсигурна статистика за жртвите во војната, објавува АП.
Војната започна со упад на Хамас во јужен Израел на 7 октомври 2023 година, кога, според израелските бројки, околу 1.200 луѓе беа убиени, а 251 лице беше киднапирано.