Бројот на жртви во падот на авионот во Индија се искачи на 270 откако тимовите за пребарување во државата Гуџарат пронајдоа уште 10 тела, соопштија официјални лица на 14 јуни.
Боингот 787, кој леташе за Лондон, се урна врз студентски дом на медицински колеџ во станбена област во Ахмедабад неколку минути по полетувањето во четврток, при што загинаа 241 лице во авионот и најмалку 29 на земја.
Само еден патник преживеа.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Авион на Ер Индија со 242 луѓе во него, се урна по полетувањето
Д-р Давал Гамети од Градската болница во Ахмедабад за Асошиејтед прес изјави дека оваа здравствена установа примила 270 тела, додавајќи дека во оваа болница е и единствениот што ја преживеал несреќата.
Стотици роднини на жртвите од несреќата доставија примероци од ДНК во болницата.
Повеќето од телата беа јагленосани или осакатени, што ги направи непрепознатливи. Некои роднини денес изразија фрустрација што процесот трае предолго. Властите велат дека обично се потребни до 72 часа за да се завршат анализите за совпаѓањето на ДНК.
Видете и ова: Индиските власти почнаа истрага за падот на авионот на Ер ИндијаВчера, 13 јуни, истражителите го пронајдоа дигиталниот снимач на податоци за летот на авионот односно т.н. црна кутија. Таа беше пронајдена на покрив во близина на местото на несреќата и веројатно ќе открие индиции за причината за несреќата.
Индискиот оддел за истрага на воздушни несреќи соопшти дека почнал да работи „со полна пареа“ за да ги пронајде податоците.