Државната изборна комисија (ДИК) ќе го извести Собранието да го верификува мандатот на пратеничката Ваљбона Адили Емини, на местото на пратеникот Салим Сулејмани од коалицијата Вреди.
На денешната седница ДИК констатираше дека Адили Емини го прифаќа мандатот за што и се издава писмено уверение, а по оставката на Сулејмани.
Претходно денеска (28 мај) Собранието пред почетокот на 52. седница констираше дека престанува пратеничкиот мандат на Салим Сулејмани, кој на 18. месецов поднесе оставка од сите функции во АА, како и од функцијата пратеник во Собранието, повикувајќи се на морална, професионална и политичка одговорност, а со неговата оставката Вреди добива нов пратеник.
Во јавна изјава Сулејмани го критикуваше доближувањето до ДУИ и го оцени како „недостоен компромис“.
„Не можам да бидам дел од сојуз што прави компромиси со луѓе спомнати на меѓународни црни листи“, посочи Сулејмани.
Видете и ова: Пратеничката група на „Влен“ со девет пратеници, очекува да им се приклучи десеттиотОбјасни дека неговиот влез во политиката бил мотивиран од желбата за вистинска промена, а не од лични амбиции. Тој посочи дека ДУИ е „структура поврзана со клановски и лични интереси“ и додаде дека коалицијата ВРЕДИ ја сметал за „антипод на коруптивната матрица“.
„Приближувањето на Алијанса за Албанците до ДУИ е предавство на ветеното и кршење на принципите“, потенцираше Сулејмани во оставката.
Несогласувањата во коалицијата ВРЕДИ почнаа пред повеќе од еден месец кога Алијансата за Албанците предводена од Таравари реши на претстојните локални избори да настапат со свои листи за советници. По оваа одлука неговите коалициските партии во ВРЕДИ го обвинија за соработка со опозициската ДУИ и одлучија коалицијата да стане партија, но без Алијансата.