Вкупно 57 од 193 пациенти кои беа повредени во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани остануваат да се лекуваат во болниците низ Скопје и странство.
„Од нив двајца се во критична состојба“, изјави денеска министерот за здравство Арбен Таравари.
Од 57, деветмина се во Скопје. Двајца се моментално на Клинички, на Пластична хирургија. Четворица се во Свети Наум Охридски, еден пациент во ГОБ 8 Септември. Останатите се лекуваат во приватни болници.
„Сите се во стабилна состојба“, додаде министерот Таравари.
Во странство се лекуваат 48 лица од трагедијата во Кочани.
Видете и ова: Коцевски: Ниту една инспекција не стапнала во кочанската дискотека „Пулс“„Еден пациент се враќа денеска од Унгарија, па ќе останат четириесет и седум пациенти во странство“, рече Таравари.
Тој додаде дека двајца се во критична состојба, другите се екстубирани. Некои биле на рехабилитација, други чекале оперативни зафати.
Како позитивен пример, министерот посочи пациентка која била двапати реанимирана, а сега се лекува на Пластична хирургија и е во сосема подобра состојба.