Тројца од повредените во пожарот во Кочани кои беа хоспитализирани во болниците во Пловдив и Варна се пуштени на домашно лекување, пренесува БТА.
Еден од пациентите беше хоспитализиран на Универзитетската болница „Свети Ѓорѓи“ во Пловдив, а двајца на Воено-медицинската академија во Варна.
Во болницата во Варна на лекување останува уште еден пациент, а во софиската болница „Пирогов“ се уште четворица повредени.
Во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март животот го загубија 61 лице, а близу 200 беа поврдени. Некои од повредените беа пренесени на лекување во други земји. Во Бугарија беа хоспитализирани 15 повредени - од нив осум во болницата „Пирогов“, а другите во болниците во Пловдив и Варна.
Видете и ова: Протест за правда и барање одговорност за трагедиитеПретходно денеска Министерството за здравство информираше дека денеска се планира враќање на седум пациенти од Виена, Анкара, Мадрид, Варшава, Марибор, Атина и Солун, со што во странски медински центри ќе останат на лекување 48 пациенти.
Како што се наведува во соопштението од Министерството за здравство, непроменета останува состојбата на пациентите кои се третираат во странство, вклучително и состојбата на критичните пациенти.
Во болниците во земјава во моментот се лекуваат седум пациенти, од кои четворица во Хируршка клиника „Св. Наум Охридски", еден на Клиника за пластична хирургија, како и двајца пациенти во приватната болница „Систина".
Министерството за здравство, се додава во соопштението, континуирано ја следи состојбата со повредените пациенти, со цел обезбедување најдобар можен третман, како и натамошна рехабилитација.